ПЕЧКА ОД СОНИШТАТА: Може да го грее целиот дом, а ќе ве чини само 100 евра

raketna-pec-po-zamisli-ivane-rakaric

Звонко и Ивана Ракариќ од селото Раковац, сами направиле печка на која се греат, така наречена ракетна печка. Направена е од цигли, песок, глина и сирова земја и чини околу 10.000 динари. Печката изгледа како од празничните честитки. На неа може да се седи, да се готви, а на домот му дава топлина каква што не може да се замисли со обичното греење.

Ивана е дипломиран инженер по архитектура и се занимава со истражување на природните начини на градење. Звонко е машински инженер и доктор по технички науки.

Звонко вели дека ракетните печки се всушност вид на уред со заштеда на гориво. Името го добиле во 70-тите години на претходниот век.

izgradnja-peci05-620x350

-Принципот на функционирање на овој вид на печки е познат уште пред 1000 години, од античките термо печки до источните традиционални печки. Причината зошто овие печки до денес не се развивале, лежи во масовната употреба на природниот гас, електричната енергија и нафтата, објаснува Звонко Ракариќ.

jos-jedan-primer-raketne-peci02

raketna-pec-danas01

Семејството Ракариќ оваа ракетна печка ја изградиле на почетокот на оваа грејна сезона. Со неа ги затоплуваат кујната, дневната соба, претсобјето и купатилото, или околу 40 метри квадратни.

raketna-pec-danas02

-Една корпа со гранчиња е доволна да се зготви ручек. Истовремено, печката складира топлина во батеријата, односно клупата. Во првите два месеци стававме дрво три пати дневно. Наутро, за време на подготвување на ручекот и навечер, а прекинувавме околу 21 часот, при што наутро температурата во домот изнесува 18 степени – надополнува Звонко.

izgradnja-peci03

Навистина чудесен пронајдок!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.