Кандидатот за градоналник на Скопје Бени Шаќири се спротивстави остро на Петре Шилегов којшто велеше со сигурност дека во вториот круг Шаќири ќе го поддржи Шилегов.
Пејачот Бени Шеќири е кандидат за градоначалник на Град Скопје на партиите ДОМ и ЛДП. Двете партии кои заеднички ќе настапат на локалните избори ќе имаат и советничка листа за Советот на Град Скопје, која ќе ја предводи докторот Никола Пановски.
Во досегашната кампања, Шаќири кажа дека бил разочаран како главниот град е раководен изминативе 4 години и затоа решил да биде противкандидат на актуелниот градоначалник Петре Шилегов.
– Знам за кого нема да го дадам мојот глас, нема да го дадам за Петре Шилегов затоа што како градоначалник и управител на овој град тотално потфрли и ме разочара, рече Шаќири.
Ви текнува дека Шилегов убедуваше дека ќе добие поддршка од Шаќири во втор круг? ? pic.twitter.com/HobvOoBGLi
— Чичо Боем (@konzervativen) September 29, 2021
За главниот град кандидати за градоначалник покрај Шаќири и Шилегов, се и претседателката на Сојузот на стопански комори Данела Арсовска која е поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Петар Георгиевски-Камиказа од Левица, Ана Петровска е кандидат на иницијативата Зелен хуман град, а адвокатот Александар Тортевски на Твоја партија.
Локалните избори ќе се одржат на 17 октомври.