Во топлата и пријатна летна бавча на вашето веќе омилено Brunch Box Cafe, повторно ве очекува вечер исполнета со вкус и музика. Овој петок, 12.09, со почеток од 20:30ч., ќе ве пречека легендарниот Шало со својата гитара и богат репертоар на EX YU хитови.
А додека уживате во музиката, на масата ве чекаат највкусните закуски и храна по најниски цени во градот – месни и млечни даски, печени сендвичи, хамбургери, свежи комбинации и слатки задоволства кои секогаш будат апетит.
Brunch Box Cafe е местото каде што пријателите се собираат, храната има посебен вкус, а музиката се доживува со душа.
За да си обезбедите место, резервирајте на тел. 078 845 442.
Не пропуштајте – тимот на Brunch Box Cafe ве очекува на уште една незаборавна петочна вечер!