Актуелности од Прилеп
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2018 тестирања, а регистрирани се 159 нови случаи на Koвид-19 во: Скопје-45, Куманово-26, Дебар-9, Штип-10, Прилеп-12, Тетово-5, Струга-4, Велес-4, Битола-2, Охрид-2, Кавадарци-7, Гостивар-6, Гевгелија-3, Струмица-4, Крива Паланка-6, Кочани-2, Пробиштип-2, Пехчево-3, Берово-1, Делчево-3, Кратово-1, Свети Николе-1, Кичево-1
Во изминатите денови бројката на новозapaзени во Прилеп постојано се зголемува. Вчера имаше 5 нови случаи, денеска 12, а во вторникот дури 15 нови случаи.
Од Центарот за јавно здравје вчера истакнаа дека се работи за познати кластери, а состанок одржа и општинскиот изборен штаб.
Новиот пратеник и единствен од редовите на СДСМ од Прилеп, Миле Талески, не го следеше примерот на партискиот лидер и генералниот секретар, кои во пресрет на изборот на новата влада се откажаа од патните трошоци кои им следуваа како избрани пратеници.
Укинувањето на патните трошоци е изборно ветување на СДСМ, а досега ниту Миле, ниту било кој не се изјаснил јавно дека ќе го одржи ветувањето.
Во Центарот за култура “Марко Цепенков” се’ уште стои лимената доградба која целосно го нагрдува изгледот на оваа институција.
И покрај апелите на граѓаните, никој не се одважува да реагира и да ја отстрани оваа грда творба која никако не се вклопува во целиот амбиент.