Петков: Нема да го укинеме, туку ќе го „поместиме“ ветото за Македонија

Бугарскиот премиер Кирил Петков вели дека никогаш не сметал дека треба да се укине ветото за Македонија за ЕУ, туку дека требало да се помести.

Промената на уставот (во Македонија -н.з.) мора да се случи пред првото поглавје и треба да ги ставиме на колосек за Европа, но критериумите што треба да ги исполнат мора јасно да бидат поставени од нас, изјави за Нова ТВ Петков.

Тој посочи дека во 2020 година бугарската влада гласаше за „пуштање“ на Македонија во Европа, но во моментов сме една од ретките земји што може да си го дозволи тоа.

Според него важно прашање се правата на Бугарите во Македонија. Доколку се загарантирани со амандман на Уставот и се дел од пакетот мерки воведени во договорот за РСМ, за нив би било обврска да го изменатУставот.

Според Петков, владата на Димитар Ковачевски е подготвена да тргне на патот кон Европа.

-Ѝ даваме пат на РСМ кон Европа, но овој пат е поплочен со барања и обврски, јасно врамени и кои ги користи цела Европа за да обезбеди напредок што сите сакаме да се случи таму, нагласи тој.

Петков објасни дека Бугарија ќе ја пушти Македонија кон Европа, а прв услов е да мора да се смени Уставот, тоа веќе ќе биде договор со ЕУ и мора да го исполни не само затоа што тоа го сака Бугарија.

Премиерот рече дека претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен јасно ставила до знаење дека европските партнери се подготвени да бидат гарант.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.