Клубот на литературни творци од Прилеп, по повод Патронот на град Прилеп „Св.Никола“, организираше литературен конкурс за лични творби на слободна тема, во две категории: поезија и проза. Учество зедоа повеќе гимназијалци, а наградите кои беа доделени на 28.12.2022 година, им припаднаа на четворица ученици.
Под менторство на професорите Христина Кочоска, Мартин Наумоски и Дарко Ристески учениците ги освоија следните награди:
– Вероника Кочоска го освои провто место за прозна лична творба;
– Тамара Ванеска освои второ место за прозна лична творба и второ место за поетска лична творба.
– Катерина Николоска освои трето место во категоријата прозна лична творба;
– Софија Оџаклиеска освои трето место во категоријата поетска лична творба.