Прилепската група “Балканика” ја освои првата награда во категоријата на дебитанти, на овогодинешното издание на фестивалот “Гоце Фест” во Скопје.
Песната “ОСМИ АВГУСТ” oтпеана во чест на десеттемина прилепски бранители кои за време на кнфликтот во 2001 година, свирепо беа убиени кај месноста “Карпалак” ја воодушеви жири комисијата на фестивалот и ги разбуди патриотските чувства кај публиката.
Групата во која членуваат: Роберт Ристески (вокал), Димитар Настески (кларинет), Мендо Ташкоски (хармоника), Боби Ташкоски (тапани), Роберт Стојчески (синтисајзер и хармоника) и Љупчо Tумбовски, направи големо освежување на фестивалот и ги освои симпатиите.
Музиката и аранжманот за песната се на Мендо Ташкоски, текстот на Душко Темелкоски, а се снимаше во студиото на Рубин Димкоски.
Во продолжение слушнете ја песната и погледнете го видеото од настапот на “Балканика”.
A.Г.