Пензионерките од „Тризла“ го одбележаа 8-ми Март „Денот на жената“

Во пресрет на Денот на жената, 8-ми Март над 130  пензионерки од урбаната заедница „Тризла“ денеска се собраа на заедничка дружба во пензионерскиот клуб „Тризла“. Со звуците на убавата македонска музика, со песна и оро, тие заедно го прославија празникот Денот на жената,8-ми Март.

_MG_9154

Градоначалникот, Марјан Ристески, кој по покана на пензионерите присуствуваше на оваа средба, им го честита празникот посветен на жената, 8-ми Март, притоа подарувајќи им цвет, како знак на почит кон жената, на сите пензионерки. Тој при оваа пригода им посака здравје и долг живот и нагласи: „Пензионерите се една категорија на граѓани кои општината и државата води особена грижа во последните десетина години, се со цел   подобрување на нивниот живот и стандард. Отворањето на ваквите пензионерски клубови во градот, за дружба и едукација на пензионерите, е чекор што го прави локалната власт, со цел да им се помогне на оваа категорија граѓани, зрелите години од животот да ги поминат во меѓусебно дружење, спортување, разговори и одржување на едукативни средби за подобрување на нивното здравје.“- истакна градоначалникот на Прилеп,Марјан Ристески.

_MG_9260

_MG_9261

Урбаната заедница „Тризла“ е една од поголемите урбани заедници во Прилеп која брои над 990 пензионери.

_MG_9193

_MG_9237

_MG_9257

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.