Пензионерка копала во парк, па пронашла големо изненадување – вакво нешто никогаш не било видено во државата

Жена од Колорадо пронашла 3-каратен дијамант само 10 минути после трагањето во државниот парк во Арканзас.

Портпаролката на паркот, Мег Метјуз изјавила дека 71-годишната пензионерка од Аурора, Колорадо, побарала да остане анонимна.

Најпрво помислила дка е парче стакло и му го дала на синот додека таа со останатите членови од семејството продолжила да трага по драгоцени камења.

После еден час го однела својот „улов“ на вработените во паркот од кои всушност дознала дека нашла дијамант од 2,63 карати, што е најголем дијамант од сите 256 драгоцени камења пронајдени во овој парк.

Инаку, станува збор за парк, кој е еродиран вулкански кратер, кој на посетителите им дозволува да го задржат она што ќе го најдат. Вработените во паркот не пружаат услуги на проценка на вредноста на пронајденото богатство.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.