Во своето излагање тој ги истакна најзначајните успеси на здружението постигнати во своето постоење, особено во изминатите 15 години. Ѓорѓиоски посебно се осврна на активностите на културен и спортски план, соработката со други здруженија од републикава и соседните држави, потоа ги пофали успесите и грижата за подобар животен стандард на пензионерите.
Ѓорѓиоски рече дека стандардот на пензионерите го реализираат со снабдување на огревно дрво и други прехранбени производи со одложено плаќање и други погодности во област на здравствената заштита, излетите, посета на рекреативните бански центри и итн.
Градоначалникот Марјан Ристески кој беше присутен на прославата, ги поздрави присутните и им посака здравје и среќа, нагласувајќи дека општина Прилеп има голем респект кон прилепските здруженија кои имаат активни претставници во органите и телата и секогаш ги подржуваат новите идеи и иницијативи.
Градоначалникот Марјан Ристески, доби Благодарница од страна на Здружението на пензионери.