Пензионерите мизеруваат, а еве колку се зема плата во второстепена комисија во управна постапка

На огласот за именување членови за Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, се пријавиле 35 лица, а Маркукуле вчера ексклузивно објави кој се’ се пријавил да членува во оваа престижна државна комисија, која е надлежна за решавање по жалби против решенија донесени во управна постапка во прв степен од страна на министерствата, другите органи на државната управа, организации утврдени со закон и други државни органи.

Денеска дознаваме дека платата на член на второстепената комисија изнесува 112.000 денари месечно, додека платата на претседателот на комисијата, после покачувањето на платите на функционерите изнесува 122.000 денари. Дополнително, на секој член на комисијата му следува и службен телефон, како и наплата на патни трошоци, доколку живее надвор од Скопје.

Меѓу пријавените е и екс министерот за транспорт и врски, Горан СУгарески, како и првата братучетка на актуелниот министер, Даниела Бочварска. Пријавен е и Кристијан Чушков, кој е актуелен член на Извршен одбор на Градската организација на СДСМ и важи за близок пријател на Петре Шилегов. Чушков беше и директор на ЈСП.

Жално, но вистинито, ова се огромни суми кои како надомест на плата ги добиваат дел од државните функционери, додека пензионерите молат за достојни месечни примања во 21 век.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.