Пензионер од Тетово силувал жена: Соблечи се гола или ќе те обесам на лустер!

Пензионер од Тетово е осуден на затворска казна од една и пол година оти со ќотек и со закани принудувал сограѓанка на секс. Основниот суд во Тетово го огласи А.Љ. за виновен за кривичното дело силување, објавува ВЕСТ.

150818_dx_rapeculture_top-jpg-crop_-promo-xlarge2

Според пресудата на Судот, обвинетиот тетовец за средбата изнајмил куќа под кирија. Тој и оштетената претходно се познавале. На денот кога ја силувал, таа се сретнала со него и, според исказот на сведок, заедно заминале од нејзиното работно место со автомобил. Според пресудата, обвинетиот пензионер со употреба на сила и закани дека ќе ја убие, ја терал оштетената да имаат секс.

Таа се противела, но тетовецот продолжил да и` се заканува. Ја удирал со клоци и со тупаници по главата и по телото и и` наредил да се соблече гола. Откако повторно го одбила, обвинетиот и` се заканил со зборовите: “Соблечи се гола или ќе те обесам на лустер”.

По ова, се вели во пресудата, ја удрил со силен удар со тупаница во слабината и брутално и` ги соблекол алиштата. Ја фатил за рака и насила ја одвел во една од просториите во куќата, ја фрлил врз креветот и игнорирајќи ги нејзините молби да ја пушти, и` ги раширил нозете и` ја силувал.

По настанот, жената побарала лекарска помош во Медицинскиот центар во Тетово, а потоа го пријавила случајот во полиција. Обвинетиот негирал пред Судот дека ја силувал. Тој се бранел дека бил во врска со неа, а ја тепал затоа што сакал да ја оттргне да не работи во кафе-бар. Според вештакот и медицинската документација што е дел од материјалните докази, кај оштетената критичниот ден биле констатирани свежи повреди во вид на нагмечување на главата и на телото. Од овој и од останатите материјални и вербални докази, Судот ја утврдил фактичката состојба за настанот. И оштетената до детали го опишала настанот пред Судот.

Доказите, се вели во пресудата на Тетовскиот суд, потврдиле дека обвинетиот употребил сила и закани и телесно ја повредил оштетената. При одмерување на казната, Судот имал предвид дека обвинетиот пензионер е оженет човек, татко на три деца и дека досега е неосудуван.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.