Пендаровски: “Не можам да се навикнам на новото име, ниту моите колеги политичари, освен Зоран Заев кој нема никаков проблем”

Претседателот на државата Стево Пендаровски, синоќа гостуваше во емисијата “Само интервју” на “Канал 5” Телевизија, кај новинарот Гоце Михајлоски.

Во делот од интервјуто каде се зборуваше за новото име на државата, Пендаровски меѓудругото рече:

“Не можеш да се навикнеш на ново име кога не знам јас сум 57-годишен човек. Сега 56 години, ме учеле од дете на тоа другото име, бевме и Социјалистичка Република Македонија. Ќе ни треба време, меѓутоа не сум приметил некој од моите колеги сега кои се актуелни политичари, дека баш лесно го изговараат, освен Зоран Заев, тој нема никаков проблем со тоа”, рече Пендаровски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.