Пендаровски за свирежите: “Мене ми е драго што гледам таква реакција, тоа е демократија- платени сме за да трпиме секаква критика”

Делегацијата предводена од претседателот Пендаровски исвиркана од граѓаните пред црквата Свети Спас.

-Нема да ги затвораме луѓето затоа што изразиле задоволство или незадоволство од било кој наш потег. Затоа се боревме за да живееме во демократска земја. Мене ми е драго што гледам таква реакција. Ние сме платени за да трпиме секаква критика, одговори Пендаровски на новинарско прашање.

За изјавата на Петков дека постојат сили кои не сакаат развој на добососедски односи меѓу двете држави дадена како коментар за посетата на делегација на здруженија на Македонци од Бугарија, претседателот Пендаровски смета дека таа не ја влошува ситуацијата, нагласувајќи дека треба да се има предвид и внатрешниот контекст кај соседот, бидејќи вели, откако е премиер реториката на Петков е како да зборувам Мандела, ако го споредите со тоа што зборуваа неколкумина министри од претходната влада на Борисов.

– Во однос на изјавата на Петков јас мислам дека тој не оди на личност, не оди навредливо. Не оди со реторика која, ако паметите колку до вчера беше стандардна дневна рутина посебно за некои министри од претходната бугарска влада. Да ви кажам најискрено од она што го слушам од Петков последниве недели од кога е премиер е како да зборувам Мандела, ако го споредите со тоа што зборуваа неколкумина министри од претходната влада на Борисов во која имавме дневна количина на навреди и кон нас и како народ и нација. Не мислам дека ја влошува состојбата. Мислам дека се држи до тоа што му е надлежност и се разбира имаат и тие внатрешен политички контекст како и ние што имаме и треба да гледате и дека има таква внатрешна една конотација секоја негова изјава. Инаку, стриктно говорејќи во договорна смисла владите преговараат меѓународни договори, владите потпишуваат, владите имплементираат. Претседателите се тука да помогнат во создавање на амбиент за да се дојде до договор. Сега, ако работиме лошо можеме и да одмогнеме. Јас се надевам дека помагаме, оценува Пендаровски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.