Пред Илинден, зад Илинден кај и да си на езеро да си…
Редици автомобили од рано утрово, најмногу со прилепски и битолски регистрации, се упатија кон излетничките места на Преспанското езеро.
Најполно е во Сливница, каде и плажите се најубави, а водата е чиста и топла.
Во пресрет на големиот христијански и државен празник Илинден, Македонците традиционално до последно место ги исполнуваат плажите покрај езерата, па така е и оваа година.
Ако некој некогаш не бил во Сливница на Преспанско езеро, топло препорачуваме да дојде и да ужива во прекрасните песочни плажи, плитката и топла вода која е одлична за децата, и секако ниските цени.