Кошаркарите на прилепски Мега Баскет стигнаа до седмата победа во Првата лига, откако вечерва на домашен терен го совладаа Тетекс со огромни 101:67.
Прилепчани силно чекорат кон зацртаната цел, а тоа е прво место на табелата и борба за влез во Супер лигата, нешто што прилепската кошарка не го памети со години.
Мега Баскет доминираше во текот на целиот натпревар и повеќе од заслужено дојде до оваа висока победа.
За потсетување, вчера и младинската екипа на Мега Баскет стигна до нова победа, триумфирајќи над своите врсници од Пелистер Битола.




























