Пееше со него на последниот настап: Младата пејачка требало да биде во автомобилот со Шабан, но една грешка го спаси нејзиниот живот (ВИДЕО)

Српската пејачка Теа Таировиќ пееше со Шабан Шаулиќ на неговиот последен настап во животот, по кој во тешка несреќа легендата на народната музика го загуби животот.

По враќањето во Белград, Теа едвај успеала да изговори неколку реченици.

-Шабан после својот последен блок отиде во хотел, од каде утрово од Дизелдорф требаше да лета директно за Белград. Кога тргнавме кон аеродром ни кажаа дека Шабан имал несреќа и дека е повреден, но кога стигнав на аеродром дознав дека починал, раскажува Теа.

-Не можам да верувам дека повеќе го нема. Синоќа го имаше, според мене, еден од најдобрите настапи, публиката никогаш подобра… Луѓето доаѓаа да се сликаат, тој и во текот на настапот се фотографираше со фановите. Навистина сум во шок. Не сум свесна што се случи. Знам само дека ќе го памтам до крајот на животот онаков каков што беше синоќа, весел и насмеан, раскажува Таировиќ, која како што објаснува за српските медиуми, една работа и го спасила животот.

-Јас го изгубив куферот во текот на летот, додека доаѓав во Билефилд и се нервирав околу изгубениот куфер, а Шабан и неговиот колега ми рекоа:

-Е да идеше со нашиот лет, немаше да го изгубиш куферот. Доколку одев со нивниот лет, ќе бев со нив во тој автомобил…. изјави пејачката.

Тие имаа и заедничка песна, со која Шабан помогна многу за кариерата на младата пејачка.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.