По повод патрониот празник ОУ „Климент Охридски“ со пригодна свечаност го одбележа овој значаен датум, а ученицте на присутните им се преставија преку интересни програмски точки подготвени од многубројните училишни секции. Воедно ова беше убава можност да се видат и новитетите кои на ова училиште му овозможија поубав и пофункционален изглед како што е замената на врати и подови. Оваа инвестиција чини триста илјади денари, средства обезбедени од Буџетот на локланата самоуправа. Во ова основно училиште извршена е и целосна реконструкција на ентериерот во старата училишна зграда, се со цел подобрување на условите за изведување на наставата. Градежните активности околу реновирањето на ентериерот на зградата опфатија: поставување на нови бетонски плочи помеѓу катовите, нови подови од линолеум, комплетно малтарење на ѕидови со абрип, спуштање на тавани со плочи од кнауф и поставување на нова електрична инсталација. Целосната реконструкција е финансирана од буџетот на општина Прилеп во износ од 2.500.000 ден. (два милиони и петстотини илјади денари). Градоначалникот Марјан Ристески честитајќи им го патрониот празник на учениците и професорите им посака во новите школски услови да постигнат уште позначајни резултати нагласувајќи дека и понатаму образованието останува приоритет на локалната самоуправа и дека грижата за младите генерации кои доаѓаат е најсуштинска за едно општество.