Наследниците на Претседателот на АСНОМ Методија Андонов – Ченто, граѓаните на градот херој, секогаш непоправливо вљубените во татковината прилепчани, четврт ден со ред излегоа масовен протест и го кренаа гласот против урнисувањето на македонскиот јазик и македонската државност.
Одново низ градските улици се слеа народ, илјадници гласови се кренаа против така наречената “албанска платформа” и нејзиното прифаќање од страна на раководството на СДСМ.
“Нема да ви помине”, “Во Прилеп, на прилепски”, “Неќам три, неќам два, еден јазик сакам јас”, силно извикуваа прилепчани, кои им пренесоа на сите дека нема да се откажат од намерата да си ја зачуваат државата.
Прилеп секогаш важел за пример каде се почитувале заедниците, каде се живеело во мир и разбирање, но на ваков начин да се раскинува црвено-жолтата македонска боја е несватливо и неприфатливо за прилепчани.
Граѓанските здруженија, организатори на овие мирни маршови ги повикаа граѓаните, утре со почеток од 13 часот на голем хепенинг.
А.Г.