Партијата на Павле Трајанов и Сојузот на ромите верни на СДСМ, останувале со нив и за втор круг

Владејачката СДСМ добива поддршка во пресрет на вториот круг од локалните избори.

Сојузот на Ромите активно ќе учествува во кампања.

-Најголемата ромска политичка партија, Сојуз на Ромите од Македонија, како најмоќна ромска политичка структура дава силна и јасна поддршка на владината коалиција предводена од СДСМ. Kако нејзин сериозен партнер, ќе продолжи и понатаму да соработува и придонесува за подобрување на животот и стандардот на сите граѓани во Република Северна Македонија. Како дел од владиното мнозинство, нашата заедничка цел е напредокот на нашата земја во сите сфери, а особено во делот на економијата, вработувањето и влезот на Северна Македонија во Европската Унија, велат од партијата. Покрај соработката на национално ниво, со СДСМ интезивно соработуваме и на локално ниво. На 31 октовмри, на вториот круг од гласањето за локалните избори, СРМ како партија со своето членство, ја дава целосната подршка за заедничката коалиција НАЈДОБРОТО ЗА НАШАТА ОПШТИНА. Мораме да напоменеме дека, сите наши партиски ограноци и партиски комитети на ниво на целата државата, активно ќе се вклучат во кампањата за локалните избори и ќе придонесеме за големата победа во сите општини и градови како и во Градот Скопје, каде коалицијата НАЈДОБРОТО ЗА НАШАТА ОПШТИНА, има кандидати за градоначалници во втор круг, велат од партијата.

Поддршка доаѓа и од Демократскиот сојуз, кој ги повика своите членови и симпатизери да заокружат „12“ на 31 октомври.

-Остануваме цврсто определени за реформите кои обезбедуваат да останеме на патот кон Европската унија, да јакне стабилноста и економскиот развој. Само сите заедно можеме да направиме пресврт и во вториот изборен круг да обезбедиме победа а со тоа поддршка на владините политики кои се во интерес на граѓаните. Демокрстскиот сојуз како дел од стабилното владино мнозинство, цврсто стои на ставот дека треба да продолжиме заедно со цел Македонија да се движи напред.

Демократскиот сојуз, со одбрана на своите принципиелни ставови и активности ќе работи во интерес на сите граѓани како и на развојот на државата. По завршувањето на локалните избори развојот на општините останува еден од нашите највисоки приоритети, се вели во дописот од Демократски Сојуз.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.