Паркот кај судот во Прилеп доби нови детски реквизити – донација од нашинецот Димитри Катароски (ФОТО)

Паркот кај судот во ново руво и со пригодна програма од најмладите, а по повод 3- ти Ноември, Денот на ослободувањето на Прилеп
На иницијатива на градоначалникот Борче Јовчески и претседателот на Советот на Општина Прилеп, Ирена Стерјовска, а со донација од нашиот сограѓанин Димитри Катароски, кој живее во Њу Џерси, се поставија нови детски реквизити за најмладите и корпи за отпадоци, се изврши хортикултурно уредување на паркот, како и поставување на бел украсен камен. Воедно, постојните реквизити, клупите и летниковците се обновени од страна на ЈКП,, Комуналец,,- Прилеп.

Денеска најмладите од Детските градинки ,,Наша иднина,, имаа богата забавна и ликовна програма во паркот, а по повод 3- ти Ноември денот на ослободувањето на градот. Ликовната тема на намладите е убавините на парковите и детските игралишта и како најмладите, но и повозрасните треба да се однесуваат кон нив.

Со донација од ВИК привршува и целосното обновување на Спортско рекретивните игралишта и детски паркови на Могилата, и на Рид до подрачното училиште,, Кочо Рацин,,




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.