ПАРАГЛАЈДЕРИСТОТ ЈОВАНОСКИ СЕ ЗАКИТИ СО СРЕБРО НА СВЕТСКИОТ КУП ВО БУГАРИЈА

12282099_10206887868867200_993451039_o

Пред окoлу два месеци параглајдеристите на Параглајдинг клубот ,,ДЕЛТА” од Прилеп беа на подиум на Светскиот куп во Германија во Васеркупе. Овој викенд повторно ги освоија подиумските места на Светскиот куп во Бугарија (кој се одржа 20-22 ноември 2015 г. во месноста Сопот-Карлово, Стара планина) и во поединечна и во екипна конкуренција.
Борјан Јованоски повторно го докажа својот напредок и квалитет, го освои СРЕБРОТО (второ место) со 8 негативни поени, а беше прогласен и за НАЈМЛАД НАТПРЕВАРУВАЧ. Првото место му припадна на Матјаж Ферариќ со 3 негативни поени, а третото место му припадна на Матјаж Слуга со 9 негативни поени. Мартин Јованоски го освои одличното петто место, додека пак  нивниот тренер Миле Јованоски беше во погорниот дел на табелата, во конкуренција од 60 пилоти од 13 различни земји.
И покрај големата конкуренција тимот на прилепските параглајдеристи го освои ПРВОТО МЕСТО во екипно рангирање.
Следните активности на прилепските параглајдеристи се подготовка за наредната сезона во прецизно слетување, со надеж дека ќе потпомогнат институциите. Исто така следното лето ќе се одржи Европското првенство во прецизно слетување во Литванија. Р. Македонија на последното Европско првенство немаше свој претставник, со надеж дека Р.Македонија овој пат ќе има нејзин претставник, а ова е доказ дека прилепските параглајдеристи се конкуренти за медал и на Европско и на Светско првенство.

12272721_10206887869067205_396404206_n




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.