Папата Франциск посети италијански затвор на Велики Четврток, каде што им ги изми и им ги бакна нозете на дванаесет затвореници во спомен на Христос кој тоа го направил во понизност кон своите апостоли ноќта пред неговата смрт на крстот.
Оваа година Франциск избрал нов затворски комплекс во пристанишниот град Чивитавекија северозападно од Рим. На видеото објавено од Ватикан се гледа како Папата им ги мие и бакнува нозете на дванаесет затвореници, мажи и жени од сите возрасти.