-За враќање на името, да од оваа подредена позиција ќе биде долг процес, но прво да ги казниме одродените! Нови докази против Зоран Заев и неговата антидржавна булумента дадени пред три дена директно од Алексис Ципрас на Меѓународната конференција за мир и одржлив развој на „Институтот Алексис Ципрас“ и „Фондацијата Заев“ – напиша на својот Фејсбук профил, поранешниот претседател на Кривичен суд, Владимир Панчевски.
-Ја освежија идејата за казнена одговорност на Зоран Заев и Никола Димитров, оваа изјава на Ципрас влегува во папката докази за кривичните дела од продолжен вид Велепредавство, Загрозуванье на независноста и Повикуванье на насилна промена на уставниот поредок, чии последици траат сите овие години – пишува Панчевски.