Нашиот најдобар фудбалер, Горан Пандев, е револтиран од состојбите со фудбалот во Македонија. Тој на Инстаграм напиша дека доколку нешто не променат челниците од ФФМ, целосно ќе се повлече од македонскиот фудбал.
„СРАМНО И ЖАЛНО… Уште еднаш докажавте дека вие сте нефудбалски луѓе, луѓе што не му мислат добро на македонскиот фудбал, туку ве интересираат само вашите лични интереси и затоа одлуките се вакви… Доста се криевте зад успесите на репрезентацијата, сигурно паметот ви е уште во огромните премии што ги поделивте на наш грб, на грбот на репрезентацијата, што гиневме за македонскиот дрес. Излезете јавно и кажете што направивте за македонскиот фудбал за нашата (аматерска) лига, колку им помогнавте на клубовите во овој тежок период. Спремен сум ако не се сменат некои работи, ако клубовите не одлучуваат во фудбалската федерација, да се тргнам на страна…“ – вели Пандев во објавата на својот официјален Инстаграм профил.