Пакетчиња на штитениците на Центарот за социјални грижи од фондацијата на Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

3131313

Љубовта, вербата и надежта за поубаво утро, за милион насмевки, за многу силни прегратки и остварени желби нека траат за врме на новогодишните и Божиќните празници и никогаш  нека нѐ не напуштаат.  Топлината, радоста и ведриот дух секогаш да бидат со нас. Новогодишната магија најмногу ги обзема најмладите. За да го почувствуваат духот на Нова година и Божиќ и да знаат дека не се сами, денеска, претставници на Фондацијата Ѓорѓија Џорџ Атанасоски на децата штитеници на Центарот за социјални грижи во Прилеп им доделија новогодишни пакетчиња. Во име на основачот на фондацијата г-дин Ѓорѓија Џорџ Атанасоски и директорот на Фондацијата г-дин Николас Атанасоски, им посакаа многу здравје, љубов, бериќетна и успешна година.

1212

212121

-Во следната година да бидете многу здрави, весели и мудри. Со многу радост ви пренесуваме срдечни честитки за новогодишните и Божиќните празници од директорот на Фондацијата Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, г-дин Николас Атанасоски, изјавија Елизабета Мојсоска.

Во текот на изминатата седмица, директорот Атанасоски, го посети СОС детското село и на тамошните жители им додели новогодишни пакетчиња со искрени желби за среќна и успешна нова година, информираше Мојсоска.

Овие две донации како и конкурсот за најдобри постигнати резултати при полагање TOEFL тест како доказ за познавање на англискиот јазик, додава Мојсоска, се само еден почеток на активностите на фондацијата која постои само два месеца и доволен показател за нејзината сериозност во понатамошните активности.

Целта за основање на ФОНДАЦИЈАТА ЃОРЃИЈА ЏОРЏ АТАНАСОСКИ е заштита, обнова, унапредување и промоција на македонското историско, национално, културно и духовно наследство и богатство, во Македонија и во светот и подршка и развој на граѓанското опшество , едукација на млади од секоја област, организирање на јавни дебати и трибини , хуманитарни активности преку собирање средства и нивно насочување кон одредени сегменти во општеството кои се од интерес за пошироката јавност, како што се хуманитарни активности, образование и животна средина, стипендирање и подржување на талентирани студенти од било која област.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.