“Падобранецот” кој со албанско знаме синоќа втрча на “Сантијаго Бернабеу” бил од Скопје (Фото)

Синоќешната полуфинална реванш-пресметка од Лигата на шампионите (ЛШ) помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити (3-1) беше на момент прекината на стартот од продолженијата, откако навивач втрча на теренот веејќи албанско знаме, по што го гушна бензема пред да биде „уловен“ од обезбедувањето на теренот.

Медиумите на албански јазик во Македонија денеска откриваат информација дека човекот што втрча на „Сантијаго Бернабеу“ се викал Агими и бил скопјанец, кој во моментов работел во Франкфурт.

Неговото втрчување стана „повредно“ со оглед на историскиот пресврт што се случи во последните минути, кога Родриго ги врати „кралевите“ од мртвите и им го трасира патот кон финалето, кое беше потврдено токму од Бензема со гол од пенал во првото продолжение.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.