Падна снег во Турција (ФОТО)

Снег предизвика потешкотии на возачите на патиштата во високите места во источна Турција, а од машините за чистење снег веќе работат, пренесе БТА повикувајќи се на турската телевизија Си-Ен-Ен-Турк.

Во источниот дел на округот Ван падна првиот снег сезонава.

Снежните врнежи и маглата го отежнаа сообраќајот на превојот Карабет на надморска височина од три илјади метри. Надлежните ги предупредуваат граѓаните да бидат внимателни.

Првиот снег веќе падна во областа на популарниот турски ски-центар Паландокен во источниот округ Ерзурум, јави агенцијата Анадолија.

Врнежи од снег на повисоките места и обилни врнежи од дожд во пониските области беа пријавени и во Хакјари, југоисточна Турција. Бела покривка се формира и на врвовите на локалната планина Сумбил.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.