На Копаоник во Србија утрово падна првиот снег откако претходно на ова зимско туристичко место во текот на ноќта врнеше дожд.
Снегот започнал да паѓа по три часот утринава, а висок е 6 цм.
Температурата во овој момент таму е 0 степени, а во моментов таму има и магла со смалена видливост до 200 метри.
И додека во соседството веќе забелуваат планините, во Македонија туристички центри се уште се без снег.
Денеска сликата таму е вообичаена и само со дожд, додека првиот снег во Маврово се најавува за само неколку денови и тоа на почетокот на декември.