ПАДНА ДОГОВОР: Јувентус го донесе најголемото засилување

Италијанските медиуми јавуваат дека работата е завршена, Жоао Кансело ќе му се придружи на Јувентус.

Десниот бек на Португалија која играше во Интер сакал да дојде во редовите на Јуве, бидејќи Интер нема пари да го откупи неговиот договор од Валенсија.

Всушност, Јувентус ќе го земи Кансело на позајмица, но со обврска да го откупи за 38 милиони евра.

Со тоа најверојатно отпаѓа Матео Дармијан, а Кансело во задната линија ќе го замени Лихштајнер кој го напушти клубот, а конкурент ќе му биде Матија Де Шилјо.

Јуве веќе ги донесе, Калдара, Перин, Спинацола, а Емре Џан пристигнува утре, се чека конечната одлука околу Игуаин и евентуалното доаѓање на Головин од ЦСКА.

Клубот би можеле да го напуштат Ругани, кој го сака Челзи, потоа Стураро, Маркисио , Пјаца, а Алегри вчера се сретна со управата со цел да го известат што направиле до сега…

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.