Падна договор: Вработените во прилепските јавни претпријатија ќе добиваат за 2806 денари повисоки плати

Претседателот на ССМ и СУТКОЗ, Дарко Димовски оствари средба со Градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески во врска со барањата на штрајкувачите за усогласување на платите за 2806 денари согласно порастот на минималната плата.

Договорено е во текот на утрешниот ден СУТКОЗ да ги достави спогодбите за зголемување на платите кои ќе треба да ги потпишат Директорите на јавните претпријатија и Претседателите на синдикалните организации на СУТКОЗ при ССМ и со тоа на вработите во ЈКП Водовод и канализација Прилеп, ЈКП Комуналец Прилеп, ЈАВНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ЗА ПРОСТОРНИ И УРБАНИСТИЧКИ ПЛАНОВИ – ПРИЛЕП-ЈП за ПУП Прилеп и ЈКП Пазари Прилеп да се зголемат односно усогласат за 2806 денари.

-Градоначалникот Јовчески е на страната на работниците и овие активности ќе се спроведат во најбрз рок. Локалната власт има разбирање за барањата и потребите на работниците, за разлика од централната власт, стои во соопштението од Сојузот на синдикатите на Македонија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.