Пад на курсот на еврото

Курсот на еврото на светските девизни берзи неделава ја заврши на ниво од под 1,06 долари, што е претставува најниска вредност на европската во однос на американската валута во последниве седум месеци.

euro-dollaro500

Во очекување на одлуката на американката Управа на федералните рерзеви (Фед) за зголемување на основната каматна стапка и на Европската централна банка (ЕЦБ) за олабавување на монетраната политика, едно евро на светските берзи сега вреди 1,0590 долари, со што од почеток на неделава вредноста на заедничката европска валута се намали за 0,5 отсто.

И во однос на јапонската национална валута, еврото од почетокот на неделава ослабе за 0,5 процнети и сега чини 130,95 јени.

Од друга страна вредноста на доларот во однос на јенот остана непромената на ниво од 122,80 јапонски за една американска валута.

Растот на вредноста на доларот во однос на еврото, според аналитичарите, се должи на серијата нови податоци кои укажуваат на стабилен раст на американската економија.

Дополнителен импулс за јакнење на доларот се и најавите дека најверојатно во текот на декември Фед, првпат по 2006 година, ќе ја зголеми основната каматна стапка.

Од друга страна еврото е под притисок на очекувањата од седницата на Управниот совет на ЕЦБ, што ќе се одржи следната недела, на која се очекува да биде донесена одлука за дополнително олабавување на монетарната политика.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.