Ферри Исиќ и Пуликсенија Јованоска во кати, Берат Јакупи, Виктор Крстевски, Ангела Мојсовска, Глигор Петков, Петар Спасеновски, Моника Стефановска и Петар Заборски од денеска до недела настапуваат на првиот турнир на Карате 1 Премиер лигата во Париз, Франција.
Турнирот во Париз е еден од најсилните, на кој, за жал, нема да настапи нашиот најдобар картист Емил Павлов. Според зборовите на селекторот Сашко Арсовски во еден медиум, Пазвлов е повреден и затоа нема да настапи. Исто така од Париз ќе отсуствува и тешкашот Жарко Арсовски. Нивниот настап се очекува на Премиер лигата во Дубаи, ОАЕ.
Арсовски смета на Павлов, на Жарко Арсовски и Берат Јакупи за Европското првенство во Баку, Азербејџан, во март.
На Премиер лигата во Париз ќе настпат 741 натпреварувач од 92 држави, односно 402 клуба. Во секоја категорија настапуваат 64-те најдобри каратисти во светот по ВКФ ранг листата. Овие настапи се бодуваат за олимписка норма.
Извор: “ИПОН.МК”