Пpилепчани, ваши пapи ќе се плаќaaт за штетите во “Глобал”, така одлyчи Bладата?

Врз принципот на солидарноста, сите единиците на локалната самоуправа, јавните претпријатија и другите правни лица основани од единиците на локалната самоуправа, јавни претпријатија, органите на државната управа, јавните претпријатија основани од државата, акционерските друштва во државна сопственост, агенции, фондови, бироа, заводи, управи и сите останати државни институции, како приватниот сектор, во рамки на своите финансиски можности , со одлика на Влада се препорачува да овие институции донираат средства на Здружението на граѓани „Обнова на Глобал” – Струмица, со цел обновување и реконструкција на опожарениот објект на ГТЦ „Глобал” – Струмица.

Вака одлучи Владта на денешната седница по повик за донација од стрна на Здружението на граѓани „Обнова на Глобал” – Струмица – објави “Радио Пела”

И, Здружението на граѓани „Обнова Глобал” – Струмица ги повикува сите заинтересирани правни и физички лица и здруженија, државни институции и органи и единици на локалната самоуправа, согласно своите финансиски и материјални можности да донираат во санирањето на последиците, обновата и реконструкцијата на ГТЦ „Глобал” Струмица што беше опожарен на 2 јануари годинава.

– Паричните средства ќе бидат наменети за санирање на последиците и за што поскоро пуштање во употреба на ГТЦ „Глобал” – Струмица, а со самото тоа и овозможување на повторна егзистенција на стотици граѓани од Струмица и од другите соседни општини.- стои во соопштението на здружението на граѓани.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.