Пpилепчанец cтанyва фyнкционep со нajдолг мандат во CДCM, ја “надживea” и Шеќepинcка?

Aктуелниот прв човек на Царина, Горан Сугарески и понатаму останува функционер во СДСМ

На денешниот конгрес Сугарески беше избран за член на Надзорниот одбор на партијата, каде досега беше претседател.

Сугарески останува функционер на партијата со најдолг стаж. Во својата политичка кариера беше советник во општина Прилеп, во неколку мандати пратеник во Собранието, Министер за транспорт и врски, а сега е директор на Царинската управа.

Исто така Сугарески беше и координатор на пратеничката група на СДСМ.

Со ова упатените во расцепениот СДСМ Прилеп, сметаат дека си ја забетонирал кандидатурата за Градоначалник?

Дали СДСМ ќе истрча со неговото име за прв човек на општина Прилеп, останува да видиме во периодот кој следи.

На следниот состанок ќе се бира Претседател на Надзорен одбор, кој по автоматизам станува член на ИО на партијата.

Според информациите, на изненадување на сите, за членови на ЦО од Прилеп избрани се Ивона Кузмановиќ и Валентин Божиновски?




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.