Прилепскиот Шаховски клуб вчера направи историја на Европскиот шаховски клупски куп кој се одржува во Струга.
Во рамките на ова натпреварување прилепските шахисти го растурија тимот на норвешкиот првак Offerspill, so 4,5-1,5.
Историски затоа што во норвешкиот клуб настапува светскиот шампион, Магнус Карлсен, кој беше отсутен на овој натпревар.
Во денешното 3. Коло Прилеп, кој е деветти на табелата се среќава со фаворитот, рускиот Медни всадник, кои се петтопласирани.