Прилеп пулсира во ритамот на Карневалот Прочка! Низ центарот на градот продефилираа повеќе групни маски, а креативноста на прилепчани можеше да се забележи и на секој чекор, по кафулињата и улиците.
Како и секоја година највпечатливи беа “Прилепските Мечкари” кои изнудија најмногу фотографии од посетителите на карневалот.
Вечерва забавата продолжува во сите локали каде има организирано забава под маски.