Денеска (30.03.2023) околу 10.30 часот, по претходно добиена судска наредба, од страна на полициски службеници од СВР Битола извршен е претрес во дом кај В.И. во Прилеп, при што се пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага, бела грутчеста материја, четири шишиња со течност со темно зелена боја. В.И. е лишен од слобода и против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство – информираат од СВР Битола.