Мaкедонците во Австралија, посебно навивачите на Престон лајонс, минатиов викенд имаа причини за славење благодарејќи на фудбалерите на истоимениот клуб, кој славеше со 2:1 над Мелбурн Сити на стартот од Премиер лигата на австралиската држава Викторија, второ натпреварување по ранг на петтиот континент.
Клубот некогаш познат како Престон Македонија, основан во 1947 година и најпопуларен кај македонската заедница во Австралија, победи по пресврт, откако гостите поведоа во првиот дел, а победоносниот гол го постигна Скијаво во 94. минута!
Погодокот вреден триумф падна додека навивачите на „црвено-жолтите“ ја пееја „Бисер балкански“, по што завладеа лудило на трибините на стадионот на „лавовите“: