Пoчинa мајката на сопругата на Пендаровски, се чекаат резултати дали била заболена од Ковид 19

Попладнево (05.04.2020) околу 13.00 часот на клиниката за Пулмологија во Скопје, почина мајката на првата дама Елизабета Ѓорѓиевска, сопруга на претседателот на Р.Македонија Стево Пендаровски, потврдија од кабинетот на претседателот.

Посмртно и бил земен брис за да се провери дали била позитивна на Ковид 19, а резултатите се чекаат во текот на утрешниот ден.

Таа починала денес, имала тешка општа здравствена состојба, посмртно е земен брис, но генерално досега немала Наод за прсуство на Ковид 19. Рзултатите ги очекуваме, штом ќе ги добиеме ќе информираме, велат од кабинетот на претседателот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.