Пopojни врнежи предизвикаа големи пoплaви во Бocна: Отceчени цели патни делници (Видео)

Интензитетот на врнежите од дожд на подрачјето на Тузланскиот кантон, БиХ е намален за разлика од вчера, водата од поплавите се повлекува, но нови грижи на населението им задаваат свлечиштата, јавува агенцијата Анадолу.

Магистралниот пат Тузла – Сараево од синоќа е блокиран поради излевањето на реките Гостељ и Суха, а од утринава сообраќајот поради свлечиште не се одвива во населбата Витаљ.

Свлечишта предизвикаа проблеми и на подрачјето на Сребреник, каде според евиденцијата на Градската управа, поплавени се 27 станбени единици. Поплави се забележани и на подрачјето на Лукавица и Грачаница.

Заради обилните врнежи, поплави и клизишта на подралјето на Тузла и Кладња прогласена е состојба на природна несреќа.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.