Силен пороен дожд доцна попладнето вчера поплави улици на неколку локации, на повисоките зони и централното градско подрачје во Битола.
Краткотрајниот, но обилен дожд проследен со град го оневозможи нормалното одвивање на сообраќајот.
Во петокот, во Битола исто така падна пороен дожд и предизвика штети врз земјоделските површини во битолско поле.
Граѓани на социјалните медиуми споделуваат фотографии и видеа на кои истакнуваат дека „Битола личи на Венеција“ и апелираат за санирање на проблемот од страна на надлежните.