Поранешниот пратеник на СДСМ од Куманово, Иван Анастасовски на својот Твитер профил напиша дека иако е поддржувач на оваа гарнитура, смета дека Мила Царовска, министерката за образование одзема сериозен број на гласови во образованието.
– Иако сум подржувач на оваа гарнитура каде сум припаѓал некогаш, господа од @VladaMK ставовите а пред се односот на вашата министерка за образование ви одзема сериозен процент на гласови кај вработените во образованието на сите нивоа. Мое е да си кажам, вие како сакате, напиша Анастасовски.
Иако сум подржувач на оваа гарнитура каде сум припаѓал некогаш, господа од @VladaMK ставовите а пред се односот на вашата министерка за образование ви одзема сериозен процент на гласови кај вработените во образованието на сите нивоа. Мое е да си кажам, вие како сакате.
— Ivan Anastasovski, PhD (@IvanAnastasovs1) February 5, 2021