Авионот на германската влада, без патници, ја блокираше пистата по принудното слетување на берлинскиот аеродром.
Германската авијација, која управува со државната флота, соопшти дека “Бomбapдер Глобал 5000” слетал денес на аеродромот Шенфелд, откако се вратил поради дефект, а двете крила ја допреле пистата, пренесува АП.
Како што е соопштено, екипажот е префрлен во болница, за да бидат извршени медицински прегледи.
Оператерот на аеродромот напиша на Твитер дека сите други летови се преусмерени поради “неисправен авион” на пистата.
Шенфелд е еден од двата аеродроми од времето на Студената вojна во германската престолнина. Новиот аеродром ќе биде отворен наредната година.