Серија земјотреси го потресоа охридското тло синоќа. Првиот со јачина од 3.2 степени беше забележан во 22:50 минути на 3 километри северо-источно од Охрид и беше на длабочина од 10км.
Девет минути подоцна следуваше уште еден потрес со иста јачина и длабочина, овој пат на 10 километри северо-источно од градот.
Последниот потрес според “emsc-csem.org” e забележан во 23:21 часот, со јачина од 2,6 степени и длабочина од 6 км, а најмногу го почувствуваа жителите на Кичево.