На плажите каде се отстранија платформите, општина Охрид посади дрвореди
Градоначалникот на општина Охрид, Константин Георгиески на ФБ се пофали со новиот изглед на дел од охридските плажи.
-Во пресрет на туристичката сезона, интензивно се уредуваат плажите на крајбрежјето, каде што се вршеше отстранување на бесправни објекти.
Се чистеше дивата вегетација, се посипува автохтон песок, се засадуваат дрвја, се поставуваат нови контејнери и садови за отпад, се поставуваат времени тоалети.
Во текот на наредниот период ќе бидат поставени: клупи за седење, монтажни соблекувални, фонтани за вода. Во рамки на своите ингеренции и можности, Општина Охрид ќе ги обезбеди сите потребни услови за непречено користење на плажите од страна на граѓаните и туристите – напиша Георгиевски на својот ФБ профил.