Охрид годинава со поквалитетна понуда за сместување на туристите. Расте бројот на ексклузивни апартмани.
Луксузно раскошно сместување на брегот на Охридското езеро најчесто користат странските туристи. Приватните станоиздавачи реинвестираат и нудат современи услови. Годинава на располагање во Охрид се 13.000 легла во приватното сместување и уште 5000 во хотелите.
-Од анализите кои што ние ги имаме спроведено во голем процент се зголемува бројот на поквалитетните сместувачки капацитети, односно капацитети рангирани со повеќе ѕвездички. Во сите категории и апартмани, станови и куќи, изјави Ѓоко Апостолов раководител на Секторот за туризам.
Охрид и во претсезоната од април до јуни е полн со туристи. Покрај Холанѓаните кои редовно доаѓаат од мај, туристи има и од соседството, но и од Турција, Кина и прекуокенаските земји.
Во овој период капацитетот на хотелите и исполнет 90% а иста е најавата и за периодот што следи со што бројот на гости особено во шпиц на сеозна се очекува 100% исполнетост и на хотелите во градот и на приватното сместување, додава Апостолов.
Новите авиолинии од Израел, Белград дополнително ќе го зголемат бројот на туристи. Во понеделник ќе стартува и новата авиолинија Брисел – Охрид со туроператорот Томас Кук.