Охрид блеска во пресрет на Водици: Три дена празнување со богата програма и многу гости (Фото галерија)

Охрид блеска во пресрет на големиот христијански празник Богојавление-Водици. Градот е украсен и исполнет со гости, а сонцето дополнително ги прави прошетките покрај Охридското Езеро да бидат пријатни.

Чаршијата и улиците во центарот на Охрид се украсени со верски и државни знамиња, а во центарот е поставен и котелот каде ќе се приготвува вкусната рибја чорба.

Вечерва во пресрет на празникот на градскиот плоштад, со почеток од 20:00 часот, концерт ќе одржи балканската мега ѕвезда, Петар Грашо.

Утре пак, со почеток во 10 часот, на Градското пристаниште ќе се одржи голем црковно-народен собир по повод Богојавленскиот водосвет и традиционалното фрлање на Светиот крст во водите на Охридското Езеро.

Празнувањето во Охрид продолжува на 20 јануари на празникот Св. Јован Крстител, каде во рамки на манифестацијата Денот на рибарите, на Градскиот плоштад со почеток во 12 часот, концерт ќе одржи македонската фолк-ѕвезда Миле Кузманоски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.