Вчера 10.08.2016 год. и официјално започна традиционалниот турнир во мал фудбал во Кривогаштани на новото повеќенаменско игралиште. Турнирот го отворија екипите на Аптеки Стефан и Воѓани, кој заврши во корист на Аптеки Стефан со резултат од 5-0. Другите натпревари ги одиграа екипите на Бучин и Братство од Житоше, со резултат 3-0 и екипите на Роз Руб Транс и Победа од Кривогаштани 6-1. Екипата Победа од Кривогаштани е екипа со најмали играчи, почит за храброста и доблеста да се пријават на турнирот, бидејќи нивната возраст е под 18 години. Натпреварите се одиграа во фер и коректна атмосфера. Турнирот беше посетен од сите околни општини, додека екипите кои ќе настапуваат се од општините Велес, Новаци, Крушево, Прилеп, Долнени и Кривогаштани.