На Косово постојат структури кои сериозно работат на создавање на терористички бази со цел предизвикување потреси во српските средини и околината, изјави помошник директорот на Канцеларијата за Косово Петар Петковиќ.
Петковиќ истакнува дека од 1999 година албанскиот народ на Косово е верски радикализиран а за тоа сведочи фактот и што од 1999 година во Косово јужно од Ибр до денес се изградени 900 џамии.
„Станува збор за сценарио кое треба да потсетува на она од 17 март, 2004 г. истакнува Петковиќ за ТВ„Пинк“.
Воедно тој истакна дека Албанците на Косово планираат наредната недела да ги стават на дневен ред сетот закони кој се однесува на формирање на т.н. војска на Косово.
Тие и понатаму ќе останат и ќе го користат стариот термин Безбедносни сили на Косово, за да ги избегнат уставните амандмани за кои им е потребна и поддршка на Српската листа, објаснува Петковиќ.
Истот така се истакнува дека верската радикализација на Албанците на КИМ само покажува колку беше погубна одлуката на многу западни земји да го признаат Косово.
Во извештајот на Стејт департментот се наведува дека 400 Албанци од Косово војувале во Сирија на страна на Исламската држава во Сирија.